Home > Countries > Macedonia  


< BACK

Lucky Students (LS)

Lucky Students (LS)

Country: Macedonia

City: Skopje

School: SEPUGS Vasil Antevski-Dren

Teacher: Slavica Kovacevska-Velkova

Volunteer/Mentor: Slavica Kovacevska-Velkova

Working Languages: English

Company Members

Igor Jakimovski, 17 years

Marko Zlatkovikj, 18 years



Brief description of the company

Lucky Students (LS) претставува организација од Македонија која што е насочена кон учениците , поточно кон средношколците , и која во соработка со Владата , ресорното министерство (Министерството за образование и наука) и други партнери како помагатели ќе реализира многу корисни проекти . Нашата организација тежнее кон подобро образование , односно кон полесно координирање на учењето и училишните активности на средношколците , но исто така сакаме да им помогнеме на средношколците нудејќи им многу поволности со кои сигурни сме дека ќе прераснат во успешни луѓе , репрезенти на Република Македонија.






Company Products


Училишен средношколски планер

Училишниот средношколски планер е нешто што го чекаат средношколците одамна. Планер кој нуди простор за бележење , простор за распределба на обврските , простор пополнет со бесплатни обуки,настани,концерти,забави , и најдоброто од се , планерот е преполнет со многу изненадувања од година во година.Изненадувањата секогаш се добродојдени , особено тогаш кога се полезни и по наша мерка .


Училишен средношколски планер

 

Company Services


Секој средношколец го добива БЕСПЛАТНО

Секој планер е Бесплатен.Тој ќе се изработува секоја учебна година , од година во година подобар , од година во година покорисен.Ќе биде изработен за секој ученик.



Секој средношколец добива планер-негов верен координатор

Планерот претставува начин преку кој ќе биде искоординирано учењето и целиот образовен процес на еден средношколец во една учебна година.Ефикасноста и ефективноста на планерот ќе резултираат со успех , забележан на последната страна од него.



Секој средношколец добива планер-чувар на паричникот

Планерот можеби со надворешниот изглед посочува на обичен нотес , но внатрешниот изглед ветува многу . Внатрешноста на планерот претставува чувар на паричникот на секој средношколец , кој штедејќи ги парите на средношколците во текот на четирите години од средното образование , ќе им дозволи на средношколеците поголеми заштеди за големи идни желби и планови.



Секој средношколец од година во година ќе гради од себе успешна личност и силен репрезент на Република Македонија

Планерот ќе има и функција на учител,помошник и насочувач на секој средношколец . Обуките и предавањата се голем плус во кариерата на една личност , хуманоста мерило на човечноста , а пак забавата надополнување за средношколската душа .



Најважно од се - Планерот гради организирана,навремена и совесна личност

По користењето на планерот резултатите ќе бидат многу воочливи.Тоа што беше кажано со зборови , ќе биде видено и на дела.Секој средношколец ќе ја трансформира својата личност во организирана,навремена и совесна,личност полна со гордост.





< BACK






Copyright © 2013 - JA-YE Europe. All rights reserved. Terms and Conditions.